Матеус: Крос повеќе не е класа, многу е бавен…

Германија не се прослави на Европското првенство во кое едвај ја мина групната фаза, а потоа беше сопрена во осминафиналето од селекцијата на Англија. Со завршувањето на турнирот заврши и една ера во оваа репрезентација која во иднина ќе биде предводена од Ханси Флик, а нема да го има во своите редови ниту Тони Крос.

Крос и официјално се пензионираше од репрезентативниот дрес, а играчот за врска на Реал Мадрид подлегна и под жестоки критики од јавноста. Ули Хенес изјави дека за него нема место во модерниот фудбал, а со истото се сложи и Лотар Матеус.

„Крос повеќе не е класа на меѓународно ниво. Немам ништо лично против Крос, но не се согласувам со начин на кој тој одигра на Европското првенство. Видовме дека не е се во брзината на играчите, туку и во брзината на топката. Тој е добар со еден или два допира со топката, но кога ќе ја додаде ја губи брзината. Со неговите топки не се создава простор, а и истите се многу бавни“, вели Матеус.

Се вчитува...