Матеус Лемос се врати во ПМФЛ, ќе игра за Шкендија Арачиново

Поранешниот фудбалер на Вардар и на Македонија ЃП Матеус Лемос, по две години се враќа во македонскиот шампионат. Бразилецот е најнова аквизиција на новиот прволигаш Шкендија Арачиново.

Откако го напушти Вардар во 2024 година, тој година и пол немаше клуб, а потоа потпиша за Индепенденсија, каде ги мина последните шест месеци.

29-годишното крило доаѓа во клубот од Арачиново како слободен агент, и ќе има за цел со своето искуство да му помогне на клубот да го обезбеди опстанокот во ПМФЛ во својата дебитантска сезона.

Се вчитува...