Матеус: Тухел е единствена алтернатива за Флик

Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека продолжувањето на договорот на Ханси Флик со Баерн Минхен е само прашање на време, а доколку баварците не се одлучат за тоа, единствена логична алтернатива мора да биде тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел.

„Делува дека единствена алтернатива е Томас Тухел. Сепак, се сомневам дека на Баерн Минхен повеќе би му одговарал Флик. Можеме вака да го формулираме тоа. Ако најголемите тренери во историјата на клубот, Јуп Хејнкес и Отмар Хицфилд го поддржуваат останувањето на Флик во Баерн, со тоа можам само да се сложам“, изјави Матеус.

 

Се вчитува...