Матија Перин потпиша за Јувентус: Ваква шанса не се добива секој ден

Досегашниот соиграч на Горан Пандев во Џенова и италијански репрезентативец, голманот Матија Перин, е нов член на шампионот Јувентус. Тој потпиша договор до 2022 година, а Џенова ќе добие 12 милиони евра отштета, плус 3 милиони евра бонуси за евентуални успеси на Перин со новиот клуб.

„Среќен сум затоа што доаѓам во еден од најдобрите европски клубови и шампион на Италија. Ваква шанса не се добива секој ден и јас не размислував многу кога пристигна официјалната понуда“, изјави Перин.

Тој ќе се бори за статусот на стандарден првотимец со Војчех Шчешни, откако легендарниот Џанлуиџи Буфон по цели 17 години го напушти Јувентус.

Се вчитува...