Матијашевиќ: После убедлив пораз најважно е да не падне моралот на репрезентацијата

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Матијашевиќ е разочаран по поразот од Турција во второто коло на Европското првенство, но како што вели тој најважно во вакви моменти е да не падне моралот на репрезентативците.

„Првите два сета не игравме лошо, а бевме блиску и да го освоиме вториот сет. Третиот сет ми падна многу тешко. Ни падна моралот, а тоа е тоа што најмногу ме загрижува. Најважно е екипата да остане заедно. Во колективниот спорт е многу важно кога ќе изгубиш убедливо да остане заедништвото во тимот“, изјави Матијашевиќ.

Македонија утре ја очекува меч против фаворитот Русија, а потоа има ден одмор, пред мечот во понеделник против Белорусија.

Се вчитува...