Матијашевиќ: Уште имам „кнедла во грлото“ од поразот на Турците од Финска

Никола Матијашевиќ оствари огромен успех предводејќи ја Македонија на премиерниот европски шампионат во одбојка по осамостојувањето на нашата држава. Српскиот стручњак не ја крие гордоста за добрите резултати во квалификациите и за време на ЕП во Љубљана, но и разочарувањето што не беше обезбеден пласман во осминафиналето од одој шампионат.

Импресиите ми се измешани. Игравме слбо на првите две средби, загубивме од Финска и од Турција, што на крајот се покажа како решавачко. Оној трет сет со Русија, кога не искористивме неколку сет-топки, се покажа клучен, бидејќи потоа заигравме многу подобро, што кулминираше со победата на Словенија пред 12.000 домашни фанови во Љубљана. Тоа беше голем успех, но не можам да сум целосено задоволен. Се уште имам „кнедла во грлото“ од оној меч меѓу Турција и Финска, знам дека ако Турците играа во полн состав ќе победеа, а ние ќе бевме во осминафиналето. Ако Македонија повторно се квалификува на едно ЕП, тогаш сигурно ќе се обиде да напрви чекор напред и да се пласира во нокаут фазата“ – изјави Матијашевиќ.

Договорот што овој искусен стратег го имаше како селектор на Македонија е истечен, а Матијашевиќ не може со сигурност да каже дали ќе продолжи да ја извршува функцијата.

„Не знам дали ќе останам, но тоа и не е толку важно бидејќи ние тренерите сме минлива работа, „неопходно зло“, а одбојкарите се тие што се најважно. Зборував со претседателот на федерацијата, презентирав неколку идеи, тоа беше краток разговор. Негова желба е да продолжиме да соработуваме, моја исто така, па очекувам во следниот период да седнеме и да разговараме конкретно на оваа тема“ – открива Никола Матијашевиќ.

Се вчитува...