Матијс де Лихт пред потпис со ПСЖ?

Холандскиот репрезентативец Матијс де Лихт е најблиску до трансфер во францускиот првак Пари Сен Жермен. Капитенот на Ајакс имаше фантастична сезона во Лигата на шампионите, ги импресионираше најголемите европски клубови, а се чини дека ПСЖ на крајот ќе успее да ја победи Барселона во трката за неговиот потпис.

Агентот Мино Рајола е веќе во Париз, каде ги води завршните преговори за трансферот на Де Лихт во ПСЖ. Се очекува трансферот да биде вреден 80 милиони евра, холандскиот дефанзивец ќе добие плата од 10 милиони евра по сезона и треба да потпише повеќегодишен договор за преселба на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...