Матиќ го пропушта дербито со Челси?

Српскиот интернационалец Немања Матиќ поради повреда најверојатно ќе го пропушти дербито меѓу Челси и Манчестер јунајтед во Премиер – лигата, информираат британските медиуми. Играчот за врска на „црвените ѓаволи“ и понатаму има проблеми со грбот и неизвесно е дали ќе се најде во составот на Јунајтед за значајниот дуел на „Стемфорд бриџ“. Ова му создава дополнителни главоболки на менаџерот Жозе Мурињо.

Лекарскиот тим на Манчестер јунајтед се обидува да го оспособи Србинот за настап, но засега тоа оди многу тешко. Матиќ поради повредата мораше да ги пропушти и мечевите на националниот тим против Црна Гора и против Романија.

Се вчитува...