Матиќ: Тешко им е на сите кои го сакаат Јунајтед, но најтешко им е на фудбалерите

Манчестер јунајтед доживеа пораз (3-1) од Ливерпул на „Енфилд роуд“ и ја направи невозможна мисијата да се надева на шампионска трка до крајот на првенството во Премиер – лигата. Се подалеку е и четвртата позиција кој води во ЛШ.

Српскиот интернационалец Немања Матиќ е критичен кон тимот, но вели дека сепак овие мигови најтешко им паѓаат на фудбалерите и на стручниот штаб на Јунајтед.

„Кога немате добри резултати, тогаш паѓа и самодовербата. Кога ќе победите два – три меча во серија, тогаш се се менува. Знам дека фановите не можат да прифатат ваков Манчестер јунајтед и ние мораме да ја преземеме одговорноста дека играме слабо. Тешко им е на сите кои го сакаат Јунајтед, но најтешко им е на фудбалерите. Мораме да ја надминеме ситуацијата и да играме многу подобро“, изјави Матиќ.

Ливерпул во моментот има огромни 19 бода предност во однос на Манчестер јунајтед на табелата во Премиер – лигата.

 

 

Се вчитува...