Матиќ веќе облече дрес на Јунајтед, се чека промоцијата (ФОТО)

Српскиот интернационалец Немања Матиќ е на прагот да направи трансфер во Манчестер јунајтед. Тој веќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“ и најави дека претстојната седмица треба и официјално да стане нов фудбалер на клубот од „Олд трафорд“.

Матиќ доаѓа на инсистирање на менаџерот Жозе Мурињо, кој одлично ги познава неговите квалитети од периодот во кој работеа заедно во Челси, а сега се очекув обновување на соработката и во Манчестер јунајтед. Трансферот ќе изнесува 40 милиони фунти, а реализацијата ќе биде најверојатно по заминувањето на Фелаини во Галатасарај.

matic junajted dres

Се вчитува...