Матуиди ќе игра лев бек против СПАЛ

Маурицио Сари е принуден да експериментира со одбранбената линија на Јувентус на претстојниот натпревар против СПАЛ, откако тренерот на „старата дама“ остана без бекови во изминатиот период. Токму поради ова, Сари ќе мора да му даде шанса на позицијата лев бек на Блес Матуиди, францускиот фудбалер за врска кој ќе мора да се снајде во сосема невообичаена улога.

Де Шилјо веќе извесно време е повреден и ќе паузира до средината на октомври, а на листата на повредени фудбалери се приклучи и Данило, кој се повреди на последниот меч со Бреша. Згора на тоа, левиот бек Алекс Сандро поради семејна трагедија мораше да замине за Бразил и нема да може да настапи против СПАЛ.

Извори блиски до стручниот штаб на Јуве тврдат дека Квадрадо повторно ќе игра како десен бек, но левата страна од одбраната е особено проблематична, а „жртва“ за тој дел од тимот ќе биде Матуиди. Добра вест за Сари е што Кристијано Роналдо ги надмина проблемите поради кои не настапи во Бреша, па најдобриот фудбалер на Јувентус ќе биде подговен за настап на мечот со СПАЛ.

Се вчитува...