Матуиди: Роналдо ќе му донесе трофеј во ЛШ на Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус со големи амбиции влегува во новата сезона од Лигата на шампионите. Со ангажманот на Кристијано Роналдо, сега „старата дама“ има многу поголеми шанси да го освои трофејот во елитното европско клупско натпреварување. Ова го потенцира и францускиот интернационалец Блес Матуиди.

„Роналдо во себе го има победничкиот карактер, тој е играч што пет пати ја освоил „Златната топка“. Среќни сме што го имаме за соиграч, тој е најдобриот светски фудбалер. Неговото искуство и квалитетите што ги поседува секако можат да бидат клучни во Лигата на шампионите. Тој може да ни го донесе трофејот“, изјави Блес Матуиди за италијанските медиуми.

Се вчитува...