Маунт го донесе Челси во предност и го направи мечот во Мадрид уште поинтересен (ВИДЕО)

Челси од 15. минута има водство на „Сантијаго Бернабе“, и го направи дуелот со Реал Мадрид уште поинтересен. Англискиот тим и актуелен европски првак ја преполови предноста на „кралевите“ од првиот меч, и сега им треба уште еден гол за да стигнат до израмнување, сметајќи го и резултатот од првиот меч (1-3).

Маунт беше стрелец по одличната асистенција на Вернер. Излезе сам пред Куртоа, и погоди во левиот агол за голема радост на Челси. Реал Мадрид имаше прилика преку Бензема, но не ја искористи.

На вториот меч, Баерн Минхен и Вилјареал и натаму нема голови.

 

Се вчитува...