Фенербахче го претстави Исла, следен е Елиф Елмас

Фенербахче направи уште една одлична зделка договорајќи го Маурисио Исла кој доаѓа како слободен играч. По само една сезона во редовите на Каљари, Исла го раскина договорот по заеднично солгасување,  и стави потпис на тригодишна соработка со „фенерите“.

Со прекинот на соработка со Каљари, се завршува и платежниот придонес од Јувентус, италијанскиот првак повеќе не е обврзан финансиски да го поддржува договорот на Исла.

Со ангажманот на 29-годишниот десен бек, Фенер засега договори вкупно пет играчи. Пред Исла, Мехмет Екичи и Карлос Камени пристигнаа како слободни играчи, а за Матју Валбуена и Набил Дидар, Фенербахче мораше да издвои 1.5 милиони, односно 3.4 милиони евра за услугите на овие офанзивци.

Турските медиуми најавуваат дека по промоцијата на Исла, следен што ќе биде претставен пред новинарите и навивачите ќе биде Елиф Елмас, македонскиот репрезенттивец кој ги договори условите за петгодишна соработка со турскиот гигант.

Се вчитува...