Маурицио Сари долета во Торино (ФОТО)

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, со приватен авион попладнево долета во Торино, објавија италијанските медиуми. Тој ќе го наследи Масимилијано Алегри на клупата на италијанскиот првак, а утре ќе ја има и официјалната промоција на новата функција.

Сари претходно беше тренер на Наполи, а минатата сезона ја помина во Премиер – лигата, предводејќи го Челси и до трофеј во Лигата на Европа.

Се вчитува...