Маурицио Сари се враќа во старото јато?

Искусниот италијански тренер кој во моментов е без ангажман, Маурицио Сари, може дасе врати на клупата на Наполи повеќе од пет години откако го напушти клубот и го презема Челси. Услов за тоа е доаѓање на Федерико Масари на спортски директор во актуелниот италијански шампион.

Сари е без работа откако го напушти Лацио. За идејата да го преземе Наполи повторно, пишуваат италијанските медиуми, додавајќи дека не е прв избор на клубот. Првиот избор е Антонио Конте, но со него раководството на Наполи не може да биде сигурно дека тој сигурно ќе ја прифати таа функција.

Наполи оваа сезона смени двајца тренери. Почна Руди Гарсија, па потоа беше заменет со Валтер Мацари, а сега тренер на Наполи e Франческо Калцона, но тој по завршувањето на сезоната ќе си замине од клупата, со оглед дека има важечки договор со Словачка, која ќе ја води на престојното Европско првенство во Германија.

Се вчитува...