Мавсар: Вардар секогаш е максимално мотивиран

Актуелниот европски шампион, ЧСМ Букурешт, стои на патот на Вардар до големото финале на Фајналфор турнирот во Лигата на шампионите во Будимпешта. Дуел со романскиот тим кој лани беше фатален за македонскиот шампион токму во полуфиналето на Ф4 турнирот, за вардарки претставува дополнителен мотив. ЧСМ Букурешт ја брани шампионската титула, а Вардар во четвртиот настап на Ф4 ќе се бори за првото финале во Лигата на шампионите.

На завршниот турнир секој за секого е подготвен. За Вардар мотивацијата не е проблем, секогаш е на високо ниво, без разлика кој е противникот. Така ќе биде и годинава во новото полуфинале против ЧСМ Букурешт. Вардар по четврти пат по ред ќе настапи на Ф4 турнирот и мислам дека од година во година мотивацијата е се поголема. Добро сме подготвени и во тимот има голема енергија и желба за победа“ – истакна крилото на Вардар, Тамара Мавсар по ждрепката во Будимпешта со која беа одредени полуфиналните двојки за Ф4 турнирот во ЛШ.

ЧСМ Букурешт ќе се обиде да влезе во историјата како прв тим што успеал да ја одбрани титулата на Ф4 турнирот, а Вардар ќе им биде прва пречка на тој пат. Минатата сезона романскиот тим славеше во полуфиналоето со 27-21, но истакнуваат дека воп полуфиналето на годинашниот Фајналфор  ќе имаат уште потешка задача против македонскиот шампион.

Секој тим на Ф4 ја посакува шампионската титула и настојува да биде најдобар. Во полуфиналето повторно играме со Вардар и мислам дека ќе биде исклучително тешко годинава. Вардар има добар тим и е тешок противник за секого“ – вели бекот на ЧСМ Букурешт, Лине Јоргенсен.

ЧСМ Букурешт и Вардар исто како лани, ќе играат во првиот полуфинален дуел на Ф4 турнирот во Будимпешта, а во вториот дуел на 6 мај повторно се сретнуваат Ѓер и Будуќност.

Се вчитува...