Мбапе „аздисал“: Бара да се отстранат Меси и останатите Аргентинци од ПСЖ

Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието на светските медиуми. Младиот Французин овој пат има замерки за аргентинската „колонија“ во ПСЖ на чело со Леонел Меси и му порачал на претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи таа да биде отстранета што поскоро, пренесува бразилскиот портал „УОЛ Еспорте“.

Покрај Меси од аргентинските играчи тука се уште Мауро Икарди и Леандро Паредес, а истите „соработуваат“ со Шпанецот Андер Ерера, Костариканецот Кејлор Навас и Бразилецот Нејмар.

Според нивните информации Килијан Мбапе целосно се променил по потпишувањето на новиот договор со францускиот великан кој му донесе и „раководна“ функција и се однесува непримерно. Тој неодмна влезе во конфликт и со Нејмар, но според медиумот двајцата играчи разговарале и ги смириле страстите.

Се вчитува...