Мбапе четврти пат прогласен за играч на сеоната во Франција

Фудбалерот на ПСЖ Килијан Мбапе, едноставно владее со француското првенство, откако беше прогласен за најдобар играч на Лига 1, четврти пат по ред. Тој му помогна на  тимот на ПСЖ да дојде до својата 11-та титула во историјата.

Напаѓачот победи и во анкетата во 2019, 2021 и 2022 година, и тој е единствениот играч кој ја освоил оваа награда четири пати, надминувајќи го рекордот на Златан Ибрахимовиќ.

„Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, и оние кои работат во клубот од сенка. Секогаш сакав да оставам трага. Не очекував да ги стигнам овие бројки волку рано, но среќен сум што ќе испишам историјата на Франција“, изјави 24-годишниот Мбапе.

Се вчитува...