Мбапе: Доаѓањето на Меси нема да ме премисли…, и точно е дека му кажав на Нејмар дека е клошар

Младата француска ѕвезда Килијан Мбапе уште еднаш даде до знаење дека нема намера да се премисли околу неговото заминување следното лето од ПСЖ и преселба без отштета во Реал Мадрид.

Мбапе признава дека уште ова лето сакал да се пресели во Реал Мадрид, меѓу другото и за да овозможи финансиска корист за ПСЖ кој би добил од неговиот трансфер. Следното лето заминува без отштета.

„Мојата одлука за заминување од ПСЖ е цврста и конечна. Нема да ме предомисли и тоа што во клубот дојде Лионел Меси. Привилегија е да се игра со него, но јас одлуките не ги носам импулсивно. Оваа одлука ја донесов по долго размислување и таа е дефинитивна“ – вели Мбапе.

Французинот се осврнува и на неговиот однос со Нејмар кого го нарече „клошар“.

„Да, го нареков така за време на игра затоа што не бев задоволен од неговите проигрувања и однос на терен. Тоа постојано се случува во фудбалот. Затоа, откако целата ситуација се пренапумпа во јавноста, разговарав со него. Тоа се случува затоа што сите во тимот сакаме да победуваме, нема никакви проблеми меѓу нас“ – дополнува Мбапе.

Се вчитува...