Мбапе доби понуда како никој досега – милиони се во прашање

Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува на крајот на сезоната по што Французинот ќе биде слободен да го избере својот нов клуб. Во преден план се јавува Реал Мадрид, клубот кон кој младиот играч негува симпатии, но и „светците“ ќе дадат се од себе да го задржат еден од најдобрите фудбалери на денешницата на „Паркот на принцовите“ и во иднина.

Според шпанскиот медиум „Ас“, ПСЖ е подготвен покрај договор со кој 23-годишникот би заработувал околку 50 милиони годишно, да му даде и бонус од 100 милиони евра за самото потпишување на нова соработка, нешто за што Реал Мадрид не ни размислува.

Сепак истиот медиум вели дека Мбапе ќе го следи својот сон, а не големата сума на пари па и покрај „мега понудата“ ќе замине на „Сантијаго Бернабеу“. Како потсетување, за услугите на младиот играч ПСЖ плати 145 милиони евра во 2018 година, а овој возврати со 156 гола и 78 асистенции на 205 одиграни средби.

Се вчитува...