Мбапе: Дојдов и го украдов „шоуто“, но на негативен начин

Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен и францускиот фудбалер Килијан Мбапе, вели дека самиот е крив што едно време се шпекулираше дека тој ќе премине во Реал Мадрид. Мбапе се кае бидејќи на наградите за најдобрите во Франција, тој изјави дека сака да преземе одговорност во ПСЖ или некој друг гигант во Европа.

„Изјавата отвори многу врати. Тоа не беше ниту право место ниту право време за таква изјава. Тоа го реков на церемонијата на доделување на награди за најдобрите во минатата сезона. Жал ми е што на другите фудбалери им го расипав славењето. Работеле цела година да се најдат во најдобриот тим, а јас им го украдов „шоуто“, но на негативен начин“, изјави Мбапе.

 

Се вчитува...