Мбапе донесе победа на прошталниот меч на Анчелоти

Реал Мадрид славеше со 2-0 над Реал Сосиедад во последниот меч од Примера дивизион за оваа сезона, што ќе остане и како последен натпревар за „кралевите“ со Карло Анчелоти како шеф на стручниот штаб на најтрофејниот европски клуб.

Италијанецот заминува за да стане селектор на Бразил, а за неговото збогување да биде победничко се погрижи Килијан Мбапе, кој ги постигна двата гола во мрежата на Реал Сосиедад, носејќи три бода на „кралевите“ кои не се од преголемо значење ако се знае дека без разлика на исходот од денешниот меч овој тим го освои само второто место во Ла Лига сезонава.

Натпреварот воедно беше и последен н „Сантијаго Бернабеу“ за Лука Модриќ и за Лукас Васкез, кои сепак ќе одиграат уште неколку средби во дресот на Реал, на претстојниот клупски мундијал што следниот месец ќе се одржи во САД.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...