Килијан Мбапе се закити со признанието за најдобар француски фудбалер за 2017 година, во изборот што традиционално го организира „Франс фудбал“. Младиот голгетер имаше зад себе извонредна сезона во која стигна до двојната круна во францускиот шампионат и националниот куп, а потоа имаше значајна улога и во освојувањето на титулата светски првак со „триколорите“, на мундијалот што се одржа во Русија.
Мбапе продолжува во ист стил и на стартот од сезонава, во која одличниот напаѓач го остави во сенка дури и Нејмар со одличните игри во дресот на ПСЖ. Тоа беше сосема доволно за Мбапе да доминира и на овогодинешниот избор, освојувајќи повеќе гласови од Рафаел Варан на втората и од Антоан Гризман на третата позиција.
Ова признание лани заврши во рацете на Нголо Канте од Челси, а претходно лауреат за 2016 година беше Антоан Гризман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА