Мбапе е најбрзиот човек во светот – Перфектна контра за водство на ПСЖ во Мадрид (ВИДЕО)

Пари Сент Жермен стигнува до водство на гостувањето кај Реал Мадрид од 0-1 во реванш натпреварот од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Стрелец за гостите беше Килијан Мбапе кој истрча маестрална контра и го матираше голманот на домашните Тибо Куртоа.

ПСЖ е чекор поблиску до пласман во четвртфиналето бидејќи има предност од првиот натпревар од 0-1. Сепак, од годинава не важи правилото гол во гости, што значи дека доколку кралевите стигнат до 2-1 ќе гледаме продолженија.

Се вчитува...