Мбапе е против Светско првенство на две години

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека е против одржување на Светски првенства на секои две години.

Веќе на големо се зборува дека Светската фудбалска федерација (ФИФА) сака да го прифати предлогот на Арсен Венгер и на секои две години да има Мундијал, нешто со што не се согласува францускиот ас.

„Светското првенство е посебен настан кој треба да се одржува на четири години. Ако го играме на две години тоа натпреварување би станало вообичаено, нешто што не треба да се случи. Мундијалите се нешто неверојатно, натпреварувања кои може да се случи да ги играш само еднаш во кариерата, а можеби и ни толку пати“, изјави Мбапе. 

Се вчитува...