Мбапе е вистинска „гол машина“, ПСЖ со пресврт до победа (ВИДЕО)

ПСЖ со пресврт од 3-1 го победи Сент Етиен во натпревар од 26. коло од француската Лига 1. Килијан Мбапе и овој пат беше клучниот играч за тимот на „светците“.

Гостите ги шокираа играчите и навивачите на ПСЖ во 16. минута од натпреварот кога успеаја да поведат со 0-1. Данило направи неверојатна грешка која ја искористи Буанг, кој ја погоди мрежата на „светците“ за водство на својот тим. Сепак, во првото полувреме ПСЖ успеа да го изедначи резултатот, а Килијан Мбапе и Лионел Меси беа во центарот на вниманието.

Меси фантастично му асистираше на Мбапе, кој успеа да постигне гол за 1-1 и да го врати својот тим во овој натпревар.

Веќе во вториот дел се случи целосен пресврт, во репрзино издание од првото полувреме, во 47. минута Мбапе уште еднаш ја затресе мрежата на гостите по асистенција на Меси, но овој пат за водство од 2-1. Килијан по неколку минути успеа и да запише асистенција, а Данило беше прецизен во 52. минута за конечни 3-1.

https://playergg.com/uploaded/1645906596.mp4#t=0.1

https://playergg.com/uploaded/1645908141.mp4#t=0.1

https://playergg.com/uploaded/1645909516.mp4#t=0.1

https://playergg.com/uploaded/1645909828.mp4#t=0.1

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...