Мбапе: Фан сум на Милан и тешко ми е да зборувам за Интер

Коментирајќи го финалето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер, Килијан Мбапе за италијанска „Газета“ откри дека е фан на Милан, притоа додавајќи дека му е тешко да зборува за Интер.

Сепак, истакна дека ривалот на неговиот омилен клуб добро се подготвил за финалето и го „намачил“ фаворитот Манчестер Сити.

„Како навивач на Милан, тешко ми е да зборувам за Интер, но тие добро се подготвија за финалето и му направија многу проблеми на Манчестер Сити. За жал, таков е фудбалот. Интер мора да биде задоволен со настапот, а честитки за Сити“, рече Мбапе кој додаде дека му е жал за италијанскиот фудбал што сите екипи од Италија ги загубија финалињата во европските купови.

Мбапе се поврзува со заминување од ПСЖ. Сепак, тој демантираше таква опција, и кажа дека ќе остане во тимот и следната сезона. Со ова не е сложува тимот кој бара или играчот да го продолжи договорот, или ќе биде продаден ова лето.

Се вчитува...