Ѕвездата на францускиот фудбал и на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, е воодушевен од Ливерпул, вели дека е среќен во Париз, а посакува годинава да ги освои Лигата на шампионите, Европското првнество и титулата на Олимписките игри. Најдобриот млaд фудбалер во светот зборува на овие теми во интервју на Би-Би-Си за време на вечерата на неговата хуманитарна организација посветена на помош на деца од ризични категориии.
„Тоа што го прави Ливерпул е неверојатно. Тие се како машина. Немаат загубено натпревар. Kога ги гледаш работите што вооп[то не се лесни изгледаат лесно. Фокусирани се, играат натпревари на три дена и победуваат. Тие се многу добар тим со исклучителен менаџер“ – вели Мбапе.
Иако Мбапе потенцира дека не си заминува од ПСЖ тој посотојано е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. И Ливерпул беше споменуван како дел од кандидатите за потпис на Мбaпе, но менаџерот Jирген Kлоп вели дека тој е надвор од куповните можности на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА