Мбапе ги брка „неподобните“ од ПСЖ: Ова е листата од 13 фудбалери што ќе си заминат летово…

Килијан Мбапе е новиот апсолутен газда во ПСЖ, откако одличниот голгетер во преговорите за нов договор се избори и за одлучувачка моќ во наредните трансфери на францускиот првак.

Директорот Леонардо, кој две години неуспешно преговараше за нов договор, прв ќе си замине, а заедно со него куферите ќе ги спакува и тренерот Покетино. Уште поалармантна е ситуацијата со играчкиот кадар, откако на листата на Мбапе на играчи кои треба да си заминат се нашле вкупно 13 фудбалери.

Според Мбапе, дресот на „светците“ од летово треба да престанат да го носат Тило Керер, Џулијан Дракслер, Данило Переира, Леандро Паредес, Андер Ерера, Лајвин Курзава, Мауро Икарди, Пабло Сарабија, Хуан Бернат, Идриса Геј, Колин Дагна и Серхио Рико. Управата на клубот во преговорите за нов договор му ветила на голгетерот дека ќе стори се за да продаде што поголем дел од овие фудбалери, но проблем претставува што за дел од нив не постои преголем интерес, а тие не сакаат самите да си заминат поради превисоката плата што им ја даде Леонардо.

„Светците“ ќе чекаат на официјално именување на новиот спортски директор Луис Кампос, кој своевремено го „пронајде“ Мбапе во Монако, по што токму Кампос ќе ги води преговорите за продажбите на сите овие „неподобни“ фудбалери.

Се вчитува...