Мбапе ги пропушта мечевите против Исланд и против Турција

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, ќе ги пропушти следните два натпревари на француската репрезентација, бидејќи се уште не е доволно опоравен од повредата. Мбапе го повреди мускулот првпат во август во натпреварот против Тулуз, а повторно имаше проблеми и по враќањето на терените.

„По разговорот меѓу Мбапе и докторот на репрезентацијата, селекторот Дидие Дешамп одлучи да не го земе Килијан во тимот. Му посакуваме брзо опоравување“, стои во соопштението од Фудбалската федерација на Франција. 

Франција во овој прозорец ја очекуваат дуели со Исланд и Турција.

Се вчитува...