Мбапе ги провоцирал Каталонците, па предизвикал општа тепачка во Барселона

Пари Сен Жермен ја елиминира Барселона откако во реваншот славеше со 1-4 и ја анулира негативата од првиот меч во Париз (2-3). Килијан Мбапе даде два гола, славеше жестоко уште на теренот, а потоа предизвикал скандалозна тепачка пред соблекувалните на двата тима во која учествувале околу 60 луѓе, открива „Мундо Депортиво“.

„Ова е фудбал, теренот е местото каде што разговараме“, ечеше Мбапе додека одеше кон соблекувалната на неговиот тим.

Ова веќе вознемири голем број играчи на Барселона кои сфатија дека се што зборува Мбапе всушност е адресирано кон нив. Тие веднаш тргнале кон него за да му ја прекинат прославата. Тогаш жестока тепачка избила пред соблекувалните.

„Беше многу „жешко“ по натпреварот. Причината е големото славје на фудбалерите на ПСЖ кои оваа победа ја доживеаја како одмазда за поразот во првиот натпревар, но и за историскиот пресврт на Барселона кој се случи во сезоната 2016/17. Како резултат на големата возбуда поради убедливата победа и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, некои играчи го напуштија теренот славејќи ја победата, секој на свој начин. Килијан Мбапе ја имаше најжестоката прослава“, пишува „Мундо Депортиво“.

Се вчитува...