Мбапе го избрка Нејмар од прославата на ПСЖ (видео)

Килијан Мбапе и Нејмар важеа за одлични пријатели откако во ист период дојдоа во ПСЖ, но односите дефинитивно сериозно им се нарушија во последните месеци, откако Бразилецот почна интензивно да работи на заминување од „Паркот на принцовите“.

Доказ за тоа е и денешното видео од прославата на трофејот од Супер-купот на Франција, на кое се гледа како Мбапе го брка Нејмар од прославата, додека тимот се подготвува за заедничка фотографија и овековечување на освоениот пехар.

Се вчитува...