Мбапе го изненади Федерер со подарок во Париз (ФОТО)

Разликата меѓу нив е 17 години, но двајцата се спортски мегаѕвезди. Роџер Федерер имаше слободен ден во Париз, а Килијан Мбапе го искористи тоа за да се сретне со својот омилен тенисер, воедно и да му даде пригоден подарок – свој дрес од француската репрезентација.

„Ми беше големо задоволство да се запознаеме“ – напиша Федерер на својот инстаграм-профил под фотографијата со францускиот голгетер.

Федерер денеска ќе го игра својот меч од второто коло на Ролан Гарос против Оскар Оте од Германија, моментно 144. тенисер на АТП-листата.

Се вчитува...