Мбапе го одби Реал Мадрид: Ќе ги гледам на ТВ

Килијан Мбапе нема да оди во Реал Мадрид. Француската ѕвезда во телевизиско интервју потврди дека останува верен на проектот Пари Сен Жермен.

„Сигурен сум дека останувам, инвестирав многу во овој проект. Добро е за Реал Мадрид што го врати Зидан. Сигурно ќе ги гледам нивните натпревари на ТВ“ – рече Мбапе.

Мбапе постигна хет – трик во победата од 3-1 на ПСЖ над Монако со која на најдобар можен начин беше потврден шестиот шампионски трофеј во последните седум годни иако тимот од главниот град промоцијата ја имаше веќе во саботата кога второпласираниот Лил одигра само реми.

Килијан Мбапе е под договор со ПСЖ до 2022 година.

Се вчитува...