Мбапе го одведе ПСЖ до нова титула во Лига 1 (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен само теорија ги дели од нова титула во Лига 1, откако вечерва славеа на гостински терен против Оксер со 1-2.

Стрелец на двата погодоци за ПСЖ беше Килијан Мбапе во 6. и 8. минута. До крајот домаќините само намалија преку Синајоко во 50. минута на 1-2.

ПСЖ на две кола до крајот има шест бода предност пред Ленс, а и далеку подобра гол-разлика од единствениот ривал, што значи дека шансите Ленс да се радува на титула се сведени на промили.

Auxerre 0 – [2] PSG – Kylian Mbappé great strike 8′
by u/Ihattaren in soccer

 

Се вчитува...