Мбапе го „олади“ Реал: Останувам дел од проектот на ПСЖ

Килијан Мбапе јасно стави до знаење дека нема намера да си замине од ПСЖ и покрај разочарувачкиот пораз од Манчестер Јунајтед и новата рана елиминација од Лигата на шампионите. Реал Мадрид најави мегапонуда за да го доведе Мбапе во текот на летниот преоден рок, но ставот на младиот голгетер е јасен и дециден.

Јас верувам во проектот на ПСЖ и убеден сум дека можам да помогнам да придонесеме нешто добро и историски да му се случи на овој клуб. Дефинитивно останувам, без оглед колкави понуди ќе бидат испратени за моите услуги во наредниот период“ – порача Мбапе во изјава за „Телефут“.

Тој се осврна и на шокантниот пораз на домашен терен од Манчестер Јунајтед.

„Се уште не можам да поверувам што се случи. Не можев да спијам цела ноќ по поразот, стадионот беше полн, навивачите беа зад нас како и секогаш, но на крајот ние уништивме се“ – разочаран е Килијан Мбапе.

Се вчитува...