Килијан Мбапе синоќа против Англија го одигра својот 22. мундијалски натпревар, со што францускиот ас на вечната листа го мина легендарниот Диего Армандо Марадона.
Аргентинската легенда имаше 21 меч на светските првенства во својата белскава кариера, еден помалку од фантастичниот Французин. Мбапе во полуфиналето со Шпанија го мина Хуго Љорис и стана француски репрезентатиец со најмногу мундијалски мечеви, за на последниот дуел зад себе да го остави и големиот Диего Марадона.
Французинот моментно се наоѓа на осмото место на вечната листа, на која убедливо прв е Лео Меси со 33 мечеви, пред Кристијано Роналдо со 27 и Лотар Матеус со 25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
