Мбапе го уништи Лион

Пари Сен Жермен на убедлив начин го доби дербито против Лион, совладувајќи го со 5-0 на „Паркот на принцовите“. Тимот на Томас Тухел има максимални девет победи во првите девет кола од шампионатот на Франција.

Нејмар донесе водство за „светците“ од пенал, по фаулот над Мбапе, во деветтата минута. ПСЖ остана со играч помалку во 32.минута по исклучувањето на Кимпембе, но и Лион го снајде иста судбина пред самиот крај на првиот дел, а „поцрвене“ Тусар.

Во второто полувреме, вистинско шоу на Килијан Мбапе. Младиот напаѓач постигна четири гола во периодот од 61. до 74.минута и буквално го уништи Лион.

Се вчитува...