Мбапе хоспитализиран во болница во САД

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе не настапи на првиот натпревар на клубот на Светското клупско првенство во САД на кој „кралевите“ ремизираа 1-1 против Ал Хилал.

Како што наведоа во текот на вчерашниот ден тој не играше поради болест, додека денеска со соопштение излегоа од клубот од „Сантијаго Бернабеу“ во кое наведоаа дека тој е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис.

„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на разни тестови и лекување“, соопштија од Реал Мадрид. 

Се вчитува...