Мбапе има само еден услов за да потпише нов договор со ПСЖ

Килијан Мбапе се наоѓа на чекор до потпишување на нов договор со ПСЖ, откако ги прифатил понудените услови од управата на „светците“. ПСЖ му понуди на голгетерот извонредна плата од 30 милиони евра по сезона, рамо до рамо со Бразилецот Нејмар, за договор со кој францускиот репрезентативец би останал на „Паркот на принцовите“ до 2025 година.

Тој ги прифатил понудените финансиски услови и е подготвен да потпише нов договор, но само доколку управата на ПСЖ се согласи да внесе клаузула за раскин во договорот. Мбапе верува дека на тој начин би му била отворена вратата за неколку години да го реализира трансферот од соништата во Реал Мадрид, без да ризикува ПСЖ да го блокира како што тоа лани го стори со камбекот на Нејмар во Барселона.

„Светците“ се подготвени да излезат во пресрет на ова барање, а се очекува клаузулата да изнесува околу 200 милиони евра. Меѓу другото, челниците на францускиот гигант се сомневаат дека во периодот по коронавирусот клубовите нема да можат да си дозволат толкаво богатство за мегатрансфер. Воедно, актуелниот договор на Мбапе истекува во јуни 2022 година и ПСЖ ќе беше принуден следното лето да го продаде, а со потпис на новиот договор се осигурува дека новата фудбалска мегаѕвезда најмалку уште неколку сезони ќе остане во дресот на „светците“.

Се вчитува...