Мбапе ја „раздрма“ соблекувалната и на Франција – Ѕвездата на ПСЖ протестира заради пари!

Килијан Мбапе успеа да ја „раздрма“ атмосферата и во соблекувалната на француската репрезентација.

Ѕвездата на ПСЖ одбива да се појави на утрешната фото-сесија на „триколорите“ за потребата на спонзорите на Француската фудбалска федерација. Сите останати репрезентативци кои се појавија на собирот за натпреварите во Лигата на нации против Данска и Австрија ќе бидат на фото-сесијата, но не и Килијан.

Мбапе протестира, бидејќи смета дека играчите не добиваат доволно од маркетиншките права од спонзорите на федерацијата.

„Мбапе одлучи да не учествува во фото-сесијата откако федерацијата одби да ги модифицира маркетиншките права за играчите. Тој и неговите претставници длабоко жалат што не дојде до договор, по негово барање, пред почетокот на Светското првенство во Катар“, се вели во соопштението од менаџерскиот тим на фудбалерот.

Веројатно платата од 93 милиони евра што ги заработува од ПСЖ за 2022 година и дополнителните 25 милиони од спонзорите не се доволни за Мбапе да може да ја преживее оваа кризна година!

Се вчитува...