Мбапе: Јас сум дете на Париз, сонувам за европска круна со ПСЖ

Килијан Мбапе уште еднаш потврди дека нема никаква намера да си замине од ПСЖ, наспроти дел од шпекулациите дека Французинот планира да го напушти клубот.

Францускиот голгетер има уште една година од актуелниот договор, ПСЖ му подготвува продолжување на соработката, а Мбапе со последната изјава стави до знаење дека голема желба му е да стане европски првак, и тоа со клубот во кој сега настапува.

„Која ми е следна цел? Освојување на ЛШ. Веќе играв во финале, полуфинале, четвртфинале и осминафинале, но никогаш не сум го кренал пехарот. Каде ќе се случи тоа? Секако, во ПСЖ. Јас сум дете на Париз, имам договор, сакам да ја освојам Лигата на Шампионите со мојот клуб“, истакна Мбапе.

Францускиот репрезентативец сезонава одигра 35 натпревари за „светците“, притоа постигнувајќи 31 гол.

Се вчитува...