Мбапе: Кога ќе има пенал ќе го шутира Меси, тоа е едноставно почитување

Пари Сен Жермен во тежок натпревар стигна до триумф над Ред Бул Лајпциг од 3-2 во 3. коло од Лигата на шампионите.

Два погодиц на мечот беа дело на Лионел Меси. Откако прво Аргентинецот самиот рутински реализираше од белата точка, тој во 90. минута  му пропушти на Килијан Мбапе да го изведе вториот пенал, кој на крајот младиот Французин не успеа да го реализира.

„Зошто го пуштив Меси да го шутне првиот пенал. Тој е најдобар фудбалер на светот и привилегија е што игра за нас. Тоа отсекогаш го кажував. Ако е досуден пенал за нас, Меси го шутира и точка. Кога го добивме вториот пенал Меси ми кажа јас да го изведам“, изјави Мбапе. 

Се вчитува...