Мбапе кратко и јасно: Останувам во ПСЖ!

Килијан Мбапе имаше феноменален Мундијал потврдивајќи зошто важи за најдобар млад светски фудбалер. Во ситуација кога Роналдо го напушти Реал Мадрид се очекуваше „кралевите“ да тргнат во офанзива по Мбапе, но младиот Французин јасно стави до знаење дека нема намера да ги менува клупските бои летово.

Кратко и јасно, останувам во ПСЖ. Тоа е мојот клуб кој покажа верба во мене, а се уште сум на почеток на кариерата за да ги менувам екипите секоја година. Затоа и не размислувам за трансфер, сега одам на одмор, а потоа се насочувам целосно на обврските кон ПСЖ“ – изјави Мбапе.

Младиот ас не го криеше воодушевувањето што уште во тинејџерски денови стигна до најголемата можна фудбалска титула – светски првак.

„Можеби тогаш звучеше нескромно, но јас уште пред почетокот на СП 2018 изјавив дека одиме во Русија за да го кренеме пехарот. Секако дека сега сме пресреќни, но мислам дека го заслуживме тоа со игрите што ги прикажавме во текот на целиот шампионат“ – истакна Килијан Мбапе.

Се вчитува...