Мбапе, Меси и Верати тренираа со ПСЖ пред мечот со Баерн Минхен

Килијан Мбапе, Лионел Меси и Марко Верати тренираа со екипата на ПСЖ пред натпреварот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Тројцата работеа заедно со останатите соиграчи, додека Мбапе уште од вчера се приклучи на тренинзите. Тројцата не беа во комбинација за мечот со Монако изминатиот викенд.

Мбапе бил насмеан, и во добро расположение, така што големи се шансите да настапи со Баерн, пренесува „РМЦ Спорт“.

На тренингот присуствуваше и спортскиот директор Луис Кампос, како и претседателот Насер Ал-Хелаифи. Имаше многу шпекулации за голема караница во соблекувалната на ПСЖ после поразот од Монако во која наводно учествувале Кампос, Маркињос и Нејмар.

Ренато Санчез и Норди Мукиеле го пропуштиле денешниот тренинг, и тие најверојатно нема да бидат во комбинација на дуелот со Баерн.

Се вчитува...