Мбапе: Морам да учам, требаше да дадам уште некој гол

Килијан Мбапе испиша историја на францускиот фудбал откако на 19 години постигна четири гола на дербито меѓу ПСЖ и Лион, и тоа во рок од само 13 минути. Францускиот репрезентативец одигра меч за паметење, но по средбата истакна дека не може да биде стопроцентно задоволен бидејќи не реализирал уште неколку одлични шанси.

„Најважна од се е работата на целокупниот тим и рекордните девет победи по првите девет кола. Сакавме да победиме, да испишеме историја, го сторивме тоа иако не е нималку лесно кога ја почнувате сезоната со нов тренер кој сака да наметне сопствена филозофија. Сакавме да се докажеме против ривал како Лион и го сторивме токму тоа. Секако дека сум среќен за головите, но да бидам искрен требаше да дадам уште неколку со оглед на шансите што ми се укажаа. Тоа е знак дека треба уште да учам, тоа е дел од процесот низ кој минуваат врвните фудбалери“ – истакна Мбапе.

Се вчитува...