Мбапе му донесе нов триумф на ПСЖ

Пари Сен Жермен стигна до 20. победа во францускиот шампионат совладувајќи го на гости Сент Етјен со 0-1. Стрелец на победничкиот погодок за „светците“ беше Килијан Мбапе во 73.минута, на асистенција на Дани Алвеш.

Тренерот Томас Тухел успеа да најде победнички рецепт и покрај тоа што во составот ги нема двајцата врвни напаѓачи, Единсон Кавани и Нејмар, кои се повредени.

ПСЖ по 23 одиграни кола има 62 бода на врвот на табелата, дури 12 повеќе од Лил кој има одиграно и два натпревари повеќе.

Се вчитува...