Мбапе: Му кажав на Ал-Келаифи, Канте би бил суперзасилување за ПСЖ

Килијан Мбапе беше еден од клучните играчи на Франција на последниот Мундијал, па младиот голгетер е се поблизу и да ја преземе улогата на главна ѕвезда во ПСЖ од Бразилецот Нејмар. Работата оди во тој правец што челниците на „светците“ веќе почнале да се консултираат со Мбапе околу потенцијалните трансфери, поточно околу доаѓањето на Нголо Канте на „Паркот на принцовите“.

Јас не сум тој што решава за трансферите, но точно е дека Насер Ал Келаифи ме консултираше за Канте. Му реков дека тој би бил добро засилување за нашиот тим и искрено верувам во тоа, но не сум сигурен дали навистина ќе заиграме заедно во ПСЖ“ – истакна Мбапе.

Француските медиуми најавуваат дека ПСЖ е подготвен да плати околу 80 милиони евра за одличниот играч за врска, а шансите овој трансфер да се реализира се зголемија откако Челси на неговата позиција го доведе Жоргињо од Наполи, на инсистирање на новиот менаџер Маурицио Сари. Доколку не успеат да дојдат до Канте, „светците“ ќе ги насочат погледите кон Белгиецот Витсел и кон Германецот Џулијан Вајгл.

Воедно, Килијан Мбапе ги потврди информациите дека големото финале во Москва го играл повреден.

Имав незгодна повреда и едвај собрав сили да настапам. Клучно беше информацијата да се сокрие за противникот да не дознае, бидејќи ако се знаеше за каков вид на повреда станува збор противниците сигурно ќе удираа токму на тоа место. Вака, успеавме да сокриеме и тоа ни донесе успех“ – откри одличниот голгетер.

Се вчитува...