„Л’Екип“ традиционално ги објавува најплатени играчи во француската Лига 1. Очекувано, на врвот е голгетерот на ПСЖ, Килијан Мбапе кој заработува околу 6 милиони евра месечно. После него следуваат другите две ѕвезди, Нејмар (3,6 милиони) и Меси (скоро 3,4 милиони).
Во ТОП 10 се присутни само играчи на ПСЖ. После овие тројца следуваат Маркињос, Верати, Хакими, Донарума, Рамос, Бернат и Мукиеле.
Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер е на 11 место со 650.000 месечно, додека 13-ти Џордан Верету од Марсеј со плата од 550 илјади евра. Останатите во ТОП 15 исто така се од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА